Ловато знаела каква дрога зема пред да се предозира

Пејачката Деми Ловато знаела за видот дрога што го зема пред да се предозира, тврди нејзиниот дилер Брендон Џонсон.

Тој во јавноста не прецизира за каков тип на дрога станува збор, но од она што му е познато, вели дека, најверојатно, станува збор за оксикодон помешан со фентанил. Оваа супстанција често знае да биде кобна за оние што ја земаат.

Ловато му испратила порака на Брендон на 24 јули да се сретнат во четири часот наутро“, пренесува ТМЗ. Пејачката набру потоа заврши во болница.

Брендон открива дека Ловато и претходно земала и посилни дроги. Тој тврди дека сакала да се опушти од преголемиот стрес што го трпела поради својата музичка кариера.

„И претходно имаше стресни денови, па сакаше да се опушти. Сигурен сум дека знаеше што зема. Додека бев со неа, таа беше добро. Беше малку пијана, но ништо невообичаено. Кога си заминав, таа спиеше. Веројатно се онесвестила во периодот од 7 до 8 часот утрото“, изјавил Брендон.

Нејзината асистентка ја пронашла Ловато онесвестена во својот дом околу 11 часот. Веднаш повикала брза помош, која ја однела во болница. Кога ја стабилизирале, пејачката завршила на клиника за рехабилитација.

„Тоа беше нејзиниот повик за будење. Ловато ги отвори и моите очи. Дрогата е забавна, но може да биде и штетна. Се надевам дека сѐ ќе биде во ред со Деми“, изјавил Џонсон.

По предозирањето, Ловато преку социјалните мрежи им се обрати на фановите и им се заблагодари за нивната поддршка.

„Вашите позитивни мисли и молитви ми помогнаа да ги пребродам овие тешки времиња“, напиша Ловато.

 

 

 

 

Scroll to Top