Љубовникот на Саманта е од страната на Кери

Нетрпеливоста помеѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал неодамна ескалираше со тоа што Ким јавно и порача на колешката да ја остави на мир, како и дека таа не и е ниту семејство ниту пријател за да во деновите кога почина нејзиниот брат и праќа поддршка.

За расправијата помеѓу славните актерки веќе неколку недели медиумите непрекинато пишуваат, а фановите се разочарани од фактот дека нивните миленички не се во добри односи. Ким Катрал токму поради тоа не сака да го снима третиот дел од филмот „Сексот и градот“.

Сега се огласи и актерот Џејсон Луис, кои го играше Смит, дечкото на Саманта. Тој во разговор за КТЛА во Лос Анџелес бил прашан на чија страна е во овој јавен конфликт.

„Ако не можеш да кажеш ништо убаво, тогаш не кажувај ништо. Морам да кажам дека Сара секогаш беше толку мила и толку професионална, и мислам дека луѓето треба да се сеќаваат на нивната грациозност и на работите кои им ги пружија. Тука ќе застанам, затоа што немам ништо добро да кажам “, рекол актерот. Меѓутоа, новинарот Сем Рубин не бил задоволен од одговорот на Луис, па го прашал дали убавите критики за Сара, всушност, значат дека е во нејзиниот тим.

„Би можел да кажам „да“. Каква грациозна дама. Секогаш беше толку добра кон мене“, ракол изјаснил актерот.

„Другите луѓе не биле добри кон тебе“? – прашал новинарот.

„ Сара беше извонредна – кратко и јасно одговорил Луис.

Џејсон Луис во серијата „Сексот и градот“ го толкуваше ликот на Смит, љубовникот и љубовта на Саманта Џоунс, кој единствено успеал да ја смири  во врска. Тој играше и во двата филма „Секост и градот“

Scroll to Top