Љубовницата на Тристан тврди: Никогаш не го запозна нашиот син и не ни испраќа пари

Марали Николс, поранешната љубовница на НБА ѕвездата Тристан Томпсон, го обвини кошаркарот дека никогаш не го запознал нивниот син и дека не ѝ плаќал алиментација за него, пишува „Дејли Мејл“. Го обвини и дека ја уценувал и барал да абортира и ја прекине бременоста.

Како доказ ги објавила пораките кои ги добила од него.

„Знаеш како се чувствувам. Моите чувства не се променети. Јас нема да бидам дел од вашиот живот. Ако мислиш дека со раѓањето на ова бебе ќе добиеш пари, во голема заблуда си. Свесна си дека се повлекувам од НБА оваа сезона и затоа ти е подобро да ги земеш овие 75.000 долари кои ти ги нудам сега, затоа што знаеш дека на крајот нема да добиеш ништо ако имаш дете со татко кој е невработен“, наводно ѝ пишал Томспон на Николс.

Нејзиниот адвокат за „Сан“ пресмета дека кошаркарот трба да плати 40.000 долари за секое негово дете. За потсетување Томпсон има три деца. Петгодишниот Принс го доби со Џордан Вудс, тригодишната Тру со Клои Кардашијан, додека со Николс синот го доби минатата година.

„Тој не направи ништо за да ги поддржи. Не се ни обиде да го запознае детето ниту да му даде каква било финансиска помош. Ако ги пресметаме трошоците за негово сместување и живеалиште, пак на крајот ќе му останат околу 5 милиони долари годишно. Од тие пари третина треба да плати за алиментација за неговите деца. Тоа е околу 1.5 милиони долари годишно“, рече адвокатот.

По раѓањето на Николс и направениот тест за татковство, Тристан призна дека ќе ја превземе целата одговорност за неговите постапки и јавно ѝ се извини на Клои Кардашијан, за неверствата.

„Клои не го заслужуваш ова. Не ја заслужуваш болката и понижувањето кои ти ги нанесов. Не го заслужуваш начинот на кој се однеував кон тебе низ целиот овој период. Моите постапки сигурно не се во согласност со начинот на кој те гледам. Имам голема почит и љубов кон тебе. Без разлика на тоа што го мислиш ти и другите. Уште еднаш сакам да ти кажам дека ми е жал“, рече Тристан.

За потсетување, Тристан ја изневери Клои трипати. Прво во 2018 година со танчерка во стриптиз клуб. Потоа во 2019 со Џордан Вудс, нејзина семејна пријателка и на крајот со Марали Николс со која во декември мината година доби син.

И покрај големиот број неверства, Клои се обиде да ја спаси нивната врска се до минатата годиина кога ѝ стави крај.

 

 

Scroll to Top