„Луди деведесети“ повторно се снима со истите глумци

Популарната хумористична серија „Луди деведесети“ повторно се снима со старите глумци. „Нетфликс“ на „Јутјуб“ го објави и првиот трејлер од продолжението. Серијата се прикажуваше од 1998 до 2006 година.

Првиот трејлер не враќа во познатото место Поинт Плејс, а заплетот на серијата ќе го следи животот на Леја, ќерката на Ерик и Дона, која летото ќе го мине со баба и и дедо и Кити и Ред. Таму ќе запознае ново друштво кое слободното време ќе го поминат во добро познатиот подрум од куќата.

Иако во трејлерот ќе можеме да ги видиме Тофер Грејс како Ерик, Лора Припон како Дона, Ештон Кучер како Келсо, Мила Кунис како Џеки и Вилмер Валдерам како Фез, сепак старите глумци од оригиналната серија ќе се вратат само како гости. Главната улога ќе ја има Леја и нејзното друштво.

Од старите глумци нема да ги гледаме само Хајд, затоа што Дени Мастерс е обвинет за силување на три девојки во периодот меѓу 2001 и 2003 година, периодот додека се снимаше серијата.

Продолжението ќе биде премиерно прикажано на 19 јануари на најпопуларната стриминг платформа, а гледачите ќе имаат можност низ 10 епизоди да ја запознаат новата генерација и да ги следат нивните авантури.

 

Scroll to Top