Луѓето мислеа дека сум мртва, а јас две години не можев да станам од кревет: Аврил Лавињ за борбата со Лајмската болест

Канадската пејачка Аврил Лавињ (37) по долги години повторно се враќа на сцената. Таа сега ги демантира и теориите на заговор кои велат дека е умрела во времето кога беше најпопуларна, а дека наместо неа во јавноста се појавува нејзина двојничка, Мелиса Велдел, а во едно интервју раскажа и за борбата со Лајмската болест, поради која долго време не се појавуваше во јавноста.

„Открив дека имам Лајмската болест во 2014 година. Постојано се чувствував лошо, бев исцрпена и изморена. Мојата пријателка Јоланда Хадид имаше Лајмнска болест, па почнав да се сомневам дека и јас боледувам од тоа. Бев во кревет две години, не можев да станам. Болеста ја пренесува крлеж кој е заразен со спиралната бактерија и морав да пијам неколку различни антибиотици во исто време, кои полека ја убиваат таа бактерија“, откри Аврил во интервју за Билборд, каде што го најави и новиот албум.

Аврил се прослави во 2002 година со песната Complicated и преку ноќ стана тинејџерска панк ѕвезда. Носеше вратоврска, беше бунтовничка и го врати гранџ стилот. Но по многуте хитови и албуми, таа исчезна од сцената. Пред неколку години се прошири веста дека Аврил починала уште во 2003 година и дека издавачката куќа ја заменила со Мелиса Валдел. Се пишуваше дека Аврил тешко се справувала со славата уште од почетокот на кариерата, па поради депресијата се самоубила, а Мелиса целосно го презела нејзиниот идентитет.

Аврил вели дека сето ова ѝ е пресмешно, и прашува: „Дали луѓето сериозно немаат попаметна работа од тоа да измислуваат вакви неверојатно приказни?“

Пејачката долги години беше во врска со милијардерот Филип Сарофим. Па иако многумина очекуваа тие да се венчаат, Аврил и Филип ја прекинаа врската. Таа сега е во љубов со пејачот Мод Сан, а дека се заедно признаа лани во февруари. Аврил вели дека непосредно пред да го запознае Мод, се заколнала дека ќе заврши со мажите, но тој ѝ го сменил мислењето.

„Излегов од долга и сериозна врска и првпат не сакав да запознавам некој нов, туку да останам сама. Сепак, имав соработка со Мод и само кликнавме, искри летаа на сите страни. Си реков: Животот е краток, а јас сум Вага во хороскопот и ја сакам љубовта,“ вели Аврил.

Scroll to Top