Лук Пери целото богатство го оставил на децата, за вереницата ништо

Починатиот актер Лук Пери, познат по улогата на Дилан од серијата „Беверли Хилс“, направил тестамент во кој целото свое богатство го оставил на своите деца, ќерката Софи (18) и постариот син Џек (21).

Според пишувањата на американските медиуми, Пери ништо не ѝ оставил на својата вереница Венди Медисон (44) која работи како терапевт, а порано била и актерка.

Лук и Внеди својата врска долго време ја криеле од јавноста. Двајцата многу ретко се појавувале заедно, а молчеле дури и кога ги размениле нивните завети. Светските медиуми пишуваат дека таа била со Пери во последните моменти од неговиот живот.

Пери минатата недела доживеа мозочен удар, а во понеделникот починал во болница. Со него, покрај Венди, биле и неговите деца и поранешната сопруга Мини Шарп. Меѓу присутните била и неговата мајка Ен Бенет, неговиот очув Стив Бенет, брат му Том Пери, сестра му Ејми Кодер, и голем број блиски пријатели.

Scroll to Top