Мадона го нарече Доналд Трамп „нацист“

Поп-кралицата Мадона му се налути на американскиот претседател Доналд Трамп и го нарече „Нацист“ и „Социопат“. Таа смета дека Трамп не е сопсобен да се справи со ситуацијата со пандемијата од ковид-19 во Америка, но и дека не го бива за претседател.

„Да се разбереме… Ајде да го намалиме тестирањето за корона во Америка зошто бројот на позитивни е премногу висок и Трамп не може да се справи со ситуацата. Ајде да изгласаме закон сите што ќе запалат знаме да одат во затвор една година, ама да немаме закон или реформа со кој полицајците што пукаат и убиваат црни луѓе ќе бидат казнети. Конечно, Трамп е вознемирен дека ќе се сруши имиџот на Џорџ Вашингтон, иако Џорџ Вашингтон поседувал робови. Би гласала за заспаниот Џо Бајден во секое време само да го снема оваој нацист и социопат од Белата куќа. Време е да се разбудиме“, напиша Мадона.

 

Scroll to Top