Мадона им ги зела мобилните на своите деца, станале опседнати со нив

Кралицата на поп-музиката Мадона, во едно од своите интервјуа за „Вог“, покрај музичката застареност, борбата против реалноста, зборуваше и за семејните ситуации и проблеми кои ги има со нејзините деца.

Пејачката говореше за своите шест деца ќерката  21-годишната Лурдес, 18-годишниот Роко, 13-годишните Мерси и Дејвид и 6-годишните близначки Естер и Стела. Мадона признала дека се пожалила што на нејзините деца и дала мобилни телефони, а веќе на нејзиниот син Давид и му го земала.

„Направив голема грешка кога им ги дадов мобилните телефони. Тие не оддалечија еден од друг. Тие предмети станаа голем дел од нашите животи. Станаа опседнати со фотографии на други лица и почнаа да се споредуваат со нив. Тоа лошо ќе се одразни на нивниот карактер“, изјавила Мадона.

Пејачката исто така признала дека од сите деца, најмногу е поврзана со Давид. Тој е од сите најодлучен вели Мадона. Пејачката мисли дека тоа го наследил од неа. Со него дели најголем број на заеднички карактеристики. Мадона вели дека Лурдес, ќерката која ја доби со кубанскиот танчер Карлс Леон, планира да почне музичка кариера.

 

„Таа е лудо талентирана. Понекогаш сум полна со завист. Извонредна е во тоа што го работи. Таа е неверојатна танчерка, сјајна актерка и одлично свири клавир“, изјавила Мадона.

Кралицата на поп музиката наскоро ќе го објави својот четрнаести студиски албум „Мадам X“, со кој веќе претходно ја објави песната „Меделин“. Една од најголемите пејачки во историјата, за „Вог“ прозборе и за музичката застареност и борбат која ја има, како што вели таа со реалноста.

Мадона во својата долга кариера има продадено повеќе од 300 милиони плочи ширум светот. Таа со новиот албум одлучно се бори против музичката застареност. Пејачката која минатата година наполни 60 години, прозборе и за личните борби во кариерата и поместувањето на границите во музиката кон кои константно тежи.

„Луѓето поради некои приини причини секогаш сакаат да ме замолчат. Ми зборуваа дека не сум доволно убава, дека немам талент, дека не сум омажена, а сега ми зборат дека сум престара. Сега се борам против стареењето, па ме казнуваат затоа што влегов во шестата деценија“, вели Мадона.

 

 

Scroll to Top