Мадона искрено за борбата за живот: Лекарите не веруваа, мислеа дека ќе умрам

Познатата пејачка синоќа во лондонската арена 02 ја започна славеничката турнеја која ја одложи пред четири месеци поради здравствени проблеми.

Мадона испеа 45 песни, а на паузите на публиката и раскажуваше за својот живот. Таа се присети и на времето кога била во болница борејќи се со сериозна инфекција.

Легендарната Мадона синоќа одржа одличен настап во Лондон – започна серија концерти на кои слави 40 години од нејзината кариера. Бројни фанови на Твитер пишуваат дека на публиката и приредила одлично шоу.

Пред само четири месеци Мадона беше на интензивна нега, интубирана поради бактериска инфекција. Таа откри дека лекарите тогаш и рекле на нејзиното семејство да се подготви за најлошото.

„Не мислев дека ќе успеам, а ниту моите лекари. Се разбудив, а децата беа до мене. Заборавив пет дена од мојот живот, односно мојата смрт, навистина не знам каде бев, но ангелите ме заштитија, а моите деца беа таму и моите деца секогаш ме спасуваат, секој пат“, рече пејачката.

Ако сакате да знаете како излегов, и како преживеав, само помислив: „Морам да бидам тука за моите деца. Морам да преживеам за нив“, рекла Мадона, пренесува Дејли Мејл.

Концертот требаше да започне во 20 часот и 30 минути, а се започна 20 минути подоцна. На концертот Мадона зборуваше и за седумдесеттите години на 20 век кога живееше во Мичиген.

„Бев анорексична танчерка неколку години. Бев без пари, бездомник и гладна, но не се откажамв. Затоа решив да станам пејачка. И јас бев скршена, немав пари да се бањам, паизлегував со мажи кои имаат тушеви и бањи. Излегував со нив иако мислев дека се слатки, прашував дали живеат сами“, рече таа, додавајќи дека подоцна ги прашувала дали имаат бања, а тие често ја гледале.

„Тогаш прашував дали одиме на вечера. Орален секс за туширање. Сите мораме да се бориме за да врземе крај со крај, нели? Знаете за што зборувам?”, рече пејачката.

Scroll to Top