Мадона ќе настапи на Евровизија за милион долари

Култната поп-пејачка Мадона ќе настапи на фестивалот „Песна на Евровизија“ во Израел за еден милион долари. Тој хонорар ќе го плати милијардерот Силван Адамс.

Според „I-net”, Адамс решил да го преземе овој чекор по преговорите со Израелската телевизиска корпорација која му предложила да биде партнер на фестивалот.

Во 2015 година Мадона е прогласена за најкомерцијализирана пејачка, нејзиното име се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди.

„Песната на Евровизија 2019″ ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај. Се подготвува програма и се прави листа на ѕвезди што ќе гостуваат. Како една од водителките на фестивалот се спомнува израелската актерка Гал Гадо, позната по филмот „Жена чудо”.

Scroll to Top