Мадона можеби нема да пее на Евровизија

Поп-кралицата Мадона можеби нема да настапи во финалето на годинашната Евровизија на 18 мај во Тел Авив, оти не потпишала договор со организаторите, откри извршниот супервизор на Евросонг, Јон Ола Санд.

„Европската радиодифузна унија никогаш не потврди дека Мадона ќе настапи. Ако не потпишеме договор, таа нема да може да се појави на нашата сцена“, рекол Санд.

Мадона, според израелските медиуми, треба да отпее две песни за сума од 1,5 милиони евра, една од новиот албум и една стара, а да настапи во паузата на финалната вечер. Настапот на Мадона во Израел беше објавен од нејзините американски и британски издавачи минатиот месец, но организаторите и тогаш кажаа дека „не е донесена конечна одлука“.

„Се наоѓаме во ситуација која е доста чудна. Преговорите уште траат, но ако не се потпише договор оваа недела, Мадона нема да пее“, додал Санд.

Според весникот „Јерузалем пост“, Мадона ќе пристигне во Тел Авив в среда за да ќе ги одржи првите проби и ќе остане во Израел до недела.

Scroll to Top