Поранешниот НБА-кошаркар Денис Родман во интервју за „Брекфаст клаб“ рекол дека во времето кога бил близок со Мадона поп-кралицата му понудила 20 милиони долари за да ѝ направи дете. Поранешниот кошаркар во моментот е на турнеја на која го промовира својот документарец за ЕСПН, а едно од прашањата во документарецот било врзано за неговиот однос со Мадона.
„Таа беше во Њујорк, во својот дом, а во текот на слободните денови од кошарката јас бев во Лас Вегас, по цели денови бев во казината. Мадона ми се јави од Њујорк и ми рече дека ‘гори по мене’ и веднаш да дојдам кај неа. Потоа испрати авион по мене и јас отидов во Њујорк. Ми понуди 20 милиони долари ако забремени, поточно дека ќе ги добијам само ако детето се роди. Јас го направив тоа што го побара, си ја завршив работата и другиот ден се вратив во Лас Вегас да се коцкам. Но, таа не забремени, па немаше ни 20 милиони долари“, рекол Родман, кој во 1994 година бил во врска со славната пејачка.
Родман смета дека и Лурдес Леон, ќерката на Мадона, е родена по сличен финансиски договор на популарната пејачка со Карлос Леон. Мадона, која во моментов е на светска турнеја, не одговори на овие тврдења на Родман.