Мадона осми пат откажа настап од светската турнеја

Поп-кралицата Мадона откажа уште еден настап од нејзината светска турнеја „Мадам Х“, поради повредата што ја има подолго време.Ова е осми откажан концерт на Мадона. Таа одржа само 45-минутен настап пред фановите во Лисабон, па порача дека ќе мора да го откаже концертот.

„Со жалење ве информираме дека Мадона не е во можност да настапи вечерва“, стоеше во соопштението испратено до билетарниците само 45 минути пред закажаниот почеток на концертот.

„Извинете што морам да го откажам концертот вечерва, но морам да го слушам своето тело и да се одморам“, напиша таа на „Инстаграм“.

Ова е осми пат Мадона да откаже настап на сегашната светска турнеја. Таа не кажува за каква повреда се реаботи, но пред публиката во Сан Франциско во ноември изјави дека страда од скинат лигамент и лошо колено.

Турнејата на Мдона треба да продолжи во Велика Британија на 27 јануари, со 15 планирани настапи во Лондон Паладиум.

Scroll to Top