Мадона раскина со 35 години помладиот дечко

Поп ѕвездата Мадона по три години врска раскина со танчерот Ахламалик Вилијамс. По раскинувањето, дваесет и осум годишниот танчер се иселил од нејзиниот дом, но тие останале и понатаму во добри односи.

Во моментов Мадона е посветена на снимањето на нејзиниот биографски филм, снимање нови песни и се посветила на нејзиниото семејство.

Извор близок до парот за магазинот „The Sun“ изјавил дека било тешко да се одржува нивната романса, бидејќи и двајцата биле фокусирани на нивните индивидуални работни прокети.

Мадона и Ахламалик во љубовна врска се од 2019 година, четири години откако го запозна на нејзината турнеја „Rebel Heart“. Во тоа време, тој беше еден од танчерите на турнеја со неа.

Scroll to Top