Големите боксерски имиња од деведесетите години, Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд најавија повторно враќање во рингот. Двајцата ќе боскуваат во егзебициони мечеви, но засега не се знае дали ќе се борат меѓу себе.
Познатиот боксерски промотор Брајан Аматруда најави дека двете големи боксерски имиња, би можеле да се најдат повторно во рингот, но по завршувањето на пандемијата со коронавирусот.
„Борбата може да се одржи во Мелбурн Арената пред десет илјади гледачи. Опција е и Princes Park, каде може да се најдат околу 30 илјади гледачи. Тајсон можеби има 53 години, но тој и понатаму е големо име и сигурен сум дека веднаш би прифатил ваква голема можност. Контактирав со агентот Макс Марксон и побарав од него на Тајсон да му понуди милион долари. Макс веќе еднаш го донесе Тајсон во Австралија во 2012 година. Тие се во добри односи, но сега поради проблемите со коронавирусот, веројатно ќе треба да почекаме. Моја претпоставка е дека мечот не би можел да се оваа година. Можеби наредната“, изјавил познатиот боксерски промотор Брајан.
Враќање во рингот преку „Инстаграм“ најави и самиот Тајсон. Тој најави враќање во егзибициски мечеви, кои би траеле три до четири рунди. Во неодамнешното интервју за Bleacher Report, Тајсон изјави дека никогаш не се чувствувал подобро во животот и дека и денес има само малкумина кои би можеле да го победат во рингот.
Последната борба ја имаше во 2005 година, кога загуби од Кевин Мекбрајд. Од друга страна, оваа вест како да го разбуди инатот кај Холифилд, кој исто така одлучи да му се врати на боксот. Последната борба тој ја имаше во 2011 година, кога го победи Данк Брајан Нилсен.
„Шампионот се врати. Се враќам во рингот и ќе се борам во егзибициони мечеви за хуманитарни цели“, изјавил Холифилд за „ТМЗ Спорт“.
Холифилд во кариерата има учествувано во 57 борби, од кои во 44 победи, десет пати изгубил, двапати ремизирал, а еднаш мечот бил прекинат. Тајсон има педесет победи, а има изгубена шест пати.
Првпат двајцата се бореа на крајот во 1996 година, кога Холифилд победи. Седум месеци подоцна се одржа оној слаен реванш кој го означи крајот на „железниот Мајк“.
Многумина вљубеници во боксот, сега стискаат палци да ја видат и третата нивна пресметка и да бидат сведоци на продолжение на она ривалство кое заврши во жешката јунска ноќ во 1997 година во „Гранд Гарден Арената“ во Невада, каде во рингот Тајсон му го одгриза увото на Холифилд.
„Откако ми го одгриза увото, ми беше јасно дека Мајк се плаши од мене. Тоа го правите кога се плашите од противникот, а сакате да победите, притоа да не се борите. Кога јас во детството се тепав со брат ми, ќе го гризнев за да го победам. Истата ситуација се сличи и во рингот. Тоа беше најлесен начин Тајсон да ја избегне борбата. Луѓето и понатаму зборуваат за таа борба. Дури додека бевме аматери, луѓето се расправаа за тоа што би се случило ако не стават во ринг заедно. Двајцата сакавме да одиме на Олимписките игри во 1984 година, но на тоа речиси никој не се сеќава. Едно време дури и спариравме. Тој имаше 20 или 21 година. Тогаш луѓето говореа дека не сум доволно добар, затоа што го немам победено Тајсон, но јас не се плашев од никого. Се боревме и го запрев. Потоа се боревме повторно и двапати ме гризна. Знаев дека можам да го победам“, раскажа Холифилд во едно од своите интервјуа.
Сега големи се шансите вљубениците во боксот ќе имаат можност да уживаат во магијата и романтиката на боксот кој го одбележа минатиот век. Многумина експерти сметаат дека денешниот бокс ја има изгубена таа жештина која некогаш беше карактеристична за овој спорт. Како повеќе да ги нема оние боксери со „убиствен инстикт“, оние вистински борби поради кои многумина во светот се будеа уште во раните утрински часови за да можат да ги гледаат спектаклите кои се случуваа низ спортските арени во САД. Тоа беа боксери кои беа подготвени да се борат до смрт, а Тајсон и Холифилд го одбележаа своето ривалство со легендарната сцена од 1997 година, кога „железниот Мајк“, му го одгриза увото на легендарниот противник.
Are you ready? The moment you’ve all been waiting for…
The Champ is back! 🥊 I’d like to announce that I will be making a comeback to the ring. I will be fighting in exhibition matches for a great cause: #Unite4OurFight. Learn more: https://t.co/dfSo0HvV2O pic.twitter.com/8PfrzalHty— Evander Holyfield (@holyfield) May 6, 2020