Мајк Тајсон имал секс со Наоми Кемпбел во тоалет, а менаџерот ги чувал пред врата

Поранешниот светски шампион Мајк Тајсон можеше да биде најголемиот боксер на сите времиња, но пропадна поради слабоста кон жените, тврди неговиот поранешен менаџер и пријател Рори Холовеј. Холовеј издаде книга за животот на Тајсон во која раскажува за детали од животот на некогашниот шампион што не се познати во јавноста. Меѓу нив е и приказната за Наоми Кемпбел, со која Тајсон имал секс во ресторан.

„Една вечер го чував и не можев да поверувам дека е на вечера со Наоми Кемпбел. Во еден момент, додека седеа во ресторанот, тој ми рече дека мора да оди во тоалетот. Брзо потоа и таа влезе внатре. Морав да стражарам пред вратата и да им велам на сите дека тоалетот е зафатен“, пишува тој во книгата.

Халовеј раскажува дека во рингот Тајсон бил незапирлив. Но не и во приватниот живот.

„Тој можеше да падне само заради неговата слабост кон жените. Никој не можеше да ги промени своите одлуки и сите тие имаа врска со сексот и жените. Затоа го чуваа телохранители 24 часа на ден“.

Холовеј тврди дека Тајсон имал многу жени кои уживале во неговите пари и во репутацијата на лошо момче. Тајсон помина извесно време во затвор заради силување на Десири Вашингтон.

„Доаѓав да го посетам, а чуварите ми велеа дека не можам да стигнам до него затоа што девојки чекаа во ред да го посетат. Тој имаше повеќе жени во затвор отколку кога беше надвор“ пишува Холовеј, додавајќи дека е изненаден што повеќе жени не го тужеле за силување или сексуална злоупотреба.

Еден од телохранителите на Тајсон одамна покажа список со околу 1.300 жени со кои легендарниот боксер имал секс. И Тајсон самиот во својата автобиографија напиша дека имал толку многу секс во затворот, каде што бил од 1992 до 1995 година, што дури и немал сили да шета низ дворот. Холовеј го потврди тоа во својата книга.

 

Scroll to Top