Лурдес Леон, ќерката на поп-кралицата Мадона, во интервју за „Интервју магазин“ првпат откри детали за односот со нејзината славна мајка и ја нарече контрол-фрик.
Интервјуто на најстарата ќерка на Мадона го правеше со актерката Деби Мазар, која е долгогодишната блиска пријателка на пејачката, а ја знае Лурдес од дете. Тие разговараа за тоа како Мадона ги воспитувала децата, па Лурдес откри дека не ѝ било лесно да расте со својата славна мајка.
„Мајка ми е контрол-фрик како родител и ме контролира целиот мој живот. Требаше да станам целосно независна од неа уште штом завршив средно училиште, а не да чекам. Морав да избегам од неа“, вели во интервјуто.
Лурдес (25) која работи како манекенка, вели дека стекнала чувство на независност дури откако почнала сама да плаќа за факултет и за стан и се отселила од семејниот дом.
„Мајка ми беше многу упорна да ме натера да размислувам за она по што сакам да бидам позната, а тоа да не е мојот изглед. Ни јас не сакам луѓето да ме паметат како модел, тоа не е реално. Но, финансиски, манекенството е паметна одлука за сега. Уживам во кампањите што ги правам, така што не сум само модел, туку го живеам животот како што јас сакам“, рекла Лурдес.