Мајка ми на 85 години доби луда идеја да ми роди дете, откри познат водител

By

Андерсон Купер, познатиот водител на „Си-ен-ен“, откри дека неговата покојна мајка, милијардерката Глорија Вандербилт, му понудила да го носи неговото бебе како сурогат, кога дознала дека Андерсон сака да стане родител. Купер ова го раскажа во шоуто на Стивен Колбет и рече дека тоа е најлудата идеја што неговата мајка ја добила во животот.

Андерсон, пред една година го доби синот на Вајат со помош на сурогат мајка, со вештачко оплодување. Водителот стана татко две години по смртта на неговата мајка и вели дека жали што таа не го запознала внукот.

„Кога првпат зборувавме за тоа дека сакам бебе, пред десетина години, мајка ми кажа нешто лудо. Ми рече дека била на гинеколог и тој ѝ кажал дека уште може да раѓа. Ја погледнав зачудено, а таа ми одговори: ‘Душо, не зборувам да имам свое дете, па имам 85 години, ама би ти била сурогат мајка’“, раскажал Купер во интервјуто и додал дека мајка му секогаш имала неверојатни идеи.

„Ти треба само да најдеш јајцеклетки, а тоа можеш да го направиш уште денес. Ќе донираш сперма и јас ќе го носам твоето бебе“, му рекла таа, но водителот веднаш ја одбил.

Купер во интервјуто рекол и дека неговата мајка не се откажала лесно од идејата да го носи неговото бебе. По две години од првиот муабет, на Купер му испратила исечок од весник за баба која родила бебе за нејзиниот син.

„Мајка ми го заокружила исечокот и ми го прати со порака: ‘Гледаш?’,“ рекол тој.

Неговата мајка почина во 2019 година, а една година потоа, Купер и поранешниот партнер, Бенџамин Мајзани, станаа родители на Вајат. Иако веќе не се заедно, двајцата се грижат за својот син.

„Не сме заедно со Бенџамин, но ние сме семејство, се сакаме како семејство и како родители. Постојат вообичаени расправии што се случуваат помеѓу две лица кога станува збор за дете, на пример во кое време треба да оди на часови по пливање, или да облече комбинезонки, но тоа се глупави, мали нешта. Ние одлично се сложуваме“, рекол Андерсон.

Ќе ви се допадне

Website https://animebee.to: Watch Best Student Council (Dub) animebee Episode 26 online anime

Jinki: Extend (https://wcostream.cc/m/yOJ) Episode 12

Full Metal Panic! Invisible Victory (Dub) Episode 12

Website https://aniwatch.pro: Watch Wu Geng Ji 3rd Season aniwatch Episode 42 watch anime dub

Forums asp: https://forums.asp.net/members/animeflixnl.aspx

Amara: https://amara.org/en/profiles/profile/On91yXQyAB2aqsUtpP9QyGeG4hYerFOT0Ro9jsBr-ws/