„Мајка ми намести да ме силуваат за 500 долари“, Деми Мур раскажа за траумите кога била тинејџерка

Мажот кој ја силувал Деми Мур кога таа имала 15 години бил сопственик на познат клуб во Лос Анџелес, открива актерката. Во неодамнешното интервју таа изјави дека една вечер се вратила дома и во станот налетала на постар маж, кој имал клуч од станот. Тој ја чекал да дојде, ја силувал, а потоа ја прашал:  „Какво е чувството да се продаваш за 500 долари?“

Мур изјави дека станува збор за нивниот семеен пријател Вал Дума, чие вистинско име е Василиј Дума, Грк кој го поседувал познатиот клуб „Ла Кејџ аукс фулс“. Починал во 1997 година, на 48-годишна возраст.

Мур вели дека Дума почнал да се појавува во нејзиното училиште пред да ја силува. По силувањето, тој не бил  пријавен во полиција. На прашањето за време на интервјуто дали смета дека  нејзината мајка има улога на макро во сето ова, таа рече:  „Длабоко во моето срце не мислам дека е така. Ама, за жал, таа  дозволи тој да влезе дома и  да ми наштети. Мајка ми ја намести целата работа“, одговори Деми Мур.

Актерката е родена во Ново Мексико, но нејзиниот биолошки татко ја напуштил мајка ѝ уште додека таа била бремена. Мајка ѝ ја одгледала заедно со очувот Ден Гајнс, за кого таа сметала дека ѝ е вистински татко до 13-годишна возраст, кога всушност го нашла изводот за раѓање. И очувот и мајка ѝ биле алкохоличари, а мајката неколку пати се обидела да се самоубие. Деми повеќе пати се обидела да ја спасува.

„Се сеќавам дека се обидов да ги извадам апчињата од нејзината уста со моите малечки прсти“, рече актерката.

Мајка и Гајнс веќе не биле заедно кога Деми станала тинејџерка. По силувањето, таа избегала од дома на 16-годишна возраст и ја почнала актерската кариера.

Во мемоарите „Внатре надвор“ Деми пишува дека се согласила на секс во тројка по желба на Ештон Кучер, со кого беше во брак, само затоа што сакала да биде забавна за многу помладиот сопруг. Но вели дека сексот во тројка бил грешка. Таа раскажа и дека Ештон ја изневерувал, но и дека имала спонтан абортус. Ештон Кучер сè уште не ги коментираше обвинувањата во книгата, но неговиот портпарол рече дека актерот знаел дека ова ќе се случи и дека не е ниту лут ниту разочаран од неводите на Деми Мур. Тие се разведоа во 2013 година, по осум години брак.

 

 

Scroll to Top