Мајката на Меган Маркл, Дориа Рагланд, би можела да стане нејзина главна совентичка, пренесуваат британсите медиуми. Хари ја обожава и смета дека таа е исклучително мудра жена и одличен избор за оваа позиција.
Војвотката од Сасекс во последните неколку недели постојано е на удар на јавноста поради нејзиното однесување, но и одлуки. Сепак, нејзиниот сопруг, принцот Хари ја поддржува во секој нејзин чекор.
Британски „Сан“ пишува дека Меган единствено кого го слуша е нејзината мајка. Извор близок до кралското семејство вели дека главната критика кон Меган сега е упатена поради нејзиното игнорирање и отпуштање на советниците.
Изворот вели дека повеќето одлуки кои ги носат принцот Хари и Меган, на крајот ги потврдува Дориа. Меган и Хари немаат доверба во луѓето од своето опкружување. Најчесто двајцата бараат совети од Дорија која има големо влијание во нивниот живот.
Британските медиуми пишуваат дека Дориа е заслужна за тоа што Меган отпуштила три дадилки на тримесечниот Арчи. Кралското бебе неодамна беше во центарот на внимание кога сите се обидуваа да погодат каква коса ќе има.