Мајката на покојниот актер Кори Хајм го откри името на силувачот на нејзиниот син

Џуди Хајм, мајката на Кори Хајм во едно од интервјуата кои ќе бидат прикажани во петок вечер ќе го открие вистинското име на човекот кој го силувал нејзиниот син.Таа демантираше дека Чарли Шин го силувал нејзиниот син.Џуди Хајм, мајката на покојниот актер Кори Хајм, изјавила дека била убедена во тоа дека Чарли Шин не го силувал нејзиниот син. Таа во последното интервју реши да го открие името на вистинскиот злоставувач но кога го изговори неговото име, се слушна само „бип“ звукот. Организаторите решија да го цензуираат тој дел.

Да потсетиме, пред неколку дена Доминик Брашија, пријателот на Koри Хајм изјави дека Чарли Шин во 1986 година на снимањето на филмот „Лукас“, наводно го силувал тогашниот тринаесетгодишен Кори Хајм.

Но, Џуди Хајм во разговорот со доктор Оз изјави дека сигурно би знаела доколку Шин го злоставувал нејзиниот син.

 

„Знам што се случува и за што сите зборуваат, но како мајка, би знаела доколку такво нешто се случило. Не сум приметила ниту една промена во карактерот или однесувањето. Мојот син беше отворен, ништо не криеше од мене. Тој просто беше Кори и сигурно на 13 години не барал секс со Чарли Шин“, порача Џуди Хајм и тогаш најави вистинска бомба.

„Но, она што можам да ви го кажам е дека овој човек (името е цензурирано со „бип“звук го силуваше мојот син!“

Чије име Џуди Хајм го откри ќе дознаеме дури во следната емисија кога ќе биде емитувана во петокот вечерта.

Scroll to Top