Пејачот Мајкл Бубле очекува трето дете со својата сопруга, Луизиана Лопилато, пишуваат аргентинските медиуми.
Двојката ги предупредила своите роднини дека ќе „свртат нова страница“ по проблемите околу болеста на нивниот син Ноа, објави „Дејли мејл“.
Според еден аргентински новинар, 30-годишната актерка Луизиана Лупилато била бремена два и пол месеци и се подготвувала да му каже на семејството следниот месец.
Локалните медиуми велат дека двојката планирала да објави кон крајот на март, кога ќе отпатува за Аргентина, од каде што е сопругата на Бубле.
Запрашан да коментира, братот на актерката, Дарио, кој исто така е актер, се насмеал и почнал да се радува при помислата дека тој повторно ќе биде вујко.
Самата Луизиана ја стави својата слика на социјални мрежи со сомнително широка облека.
Изведувачот Мајкл Бубле ја запостави својата музичка кариера за да се посвети својот син Ноа, кој се бори против ракот. Во март, Бубле ќе се врати да ја предводи церемонијата за доделување музички награди во Ванкувер