Мајкл Џ. Фокс ќе стане инвалид

Глумецот Мајкл Џ. Фокс ќе стане инвалид пред да наполни 60 години, открива негов близок пријател. Тој полека ја губи битката со Паркинсоновата болест, со која се бори од 1992 година. Блиски пријатели велат дека и покрај огромниот труд и континуираното лечење, болеста непрекинато напредува.

„Неговата болест не познава граници. Таа полека почнува да го напаѓа целото негово тело. Мајкл зборува неразбирливо, а левата нога не може да ја контролира. Понекогаш е принуден да ја влече. Се гледа како полека ја губи битката со болеста. Пред неговата 60. година, тој сигурно ќе стане инвалид“, вели изворот.

Актерот синоќа се појави на премиерата на документарниот филм на HBO, Very Ralph во Њујорк. Друштво му правеше неговата сопруга Трејси.

„Мајкл секој ден го гледа како подарок. Како можност да им помогне на другите кои минуваат низ истата оваа ситуација“, вели Трејси.

Фокс има Фондација за истражување за Паркинсовата болест во која има вложено неколку милиони долари.

 

 

Scroll to Top