Мајкл Џексон беше психички болен и многу вознемирувачка личност, пишува Елтон Џон во мемоарите

Британскиот пејач Елтон Џон во новата автобиографија „Јас: Елтон Џон“, пишува за Мајкл Џексон кого го нарекува психички болен и многу вознемирувачка личност.

„Го познавав Мајкл откога имаше 13 или 14 години. Беше најслаткото дете кое може да се замисли. Но, во некој момент низ годините кои следела почна да се издвојува од светот и реалноста, како Елвис Присли“, пишува Елтон.

Спомна дека земал лекови на рецепт, алудирајќи на неговата зависност од таблети против болка.

„Господ знае што му се вртеше во главата. И самиот Бог знае какви лекови на рецепт земаше. Секој пат кога ќе го видев, по неколку години потоа мислев дека целосно се има изгубено. Беше ментално болен, вознемирувачка личност“, пишува Елтон.

Во јануари годинава Џексон беше предмет на документарецот Leaving Neverland, HBO кој ги истражуваше односите со деца и го обвини за сексуална злоупотреба.

Иако Џон не навлегува во суштината на работата, тој алудира на посебната опсесија на Џексон со децата. „Изгледаше дека не може да се справи во друштвото на возрасни“, тврди Џон.

Џексон не е единствената ѕвезда што Елтон Џон ја споменува во мемоарите. Го опиша и пријателство со принцезата Дијана и вечерата на која Силвестер Сталоне и Ричард Гир се скарале додека се натпреварувале за нејзината наклонетост.

Scroll to Top