Мајли Сајрус и Лиам Хемсфорт официјално се разведоа

Пејачката Мајли Сајрус и глумецот Лиам Хемсфорт се разведоа и официјално, пренесуваат американските медиуми. Откако двајцата ги потпишале документите за развод, сега тоа го направил и судија, со што разводот е финализиран. Според документот, тие ќе бидат сингл од 22 февруари.

Мајли и Лиам деталите за разводот ги договориле уште во декември. Тие немаат деца, но најголемите несогласувања ги имале за тоа кој ќе ги задржи кучињата, бидејќи дел од нив ги купиле откако се венчале. Но, според договорот, тие ќе останат со Мајли. Освен ова, двојката имала и предбрачен договор, поради што разводот бил многу полесен.

За потсетување, по десетгодишна врска, време во коешто беа заедно и раскинуваа, Мајли и Лиам се венчаа за Божик 2018 година. Десет месеци подоцна објавија дека се разведуваат. Мајли потоа имаше врска со девојка, Кејтлин Картер, а во моментов се гледа со музичарот Коди Симпсон. Лиам, пак, го поврзуваат со глумицата Габриела Брукс.

 

Scroll to Top