Мајли Сајрус на суд заради плагијат

Поп-пејачката Мајли Сајрус се соочува со тужба од 300 милиони долари оти украла песна. Јамајканскиот композитор Мајкл Меј тврди дека хитот од 2013, We Can’t Stop, потсетува на песна што тој ја напишал 1988 година.

Според Меј, песната на Сајрус содржи повеќе од 50 отсто од аранжманот на неговата песна We Run Things. Но, тој смета дека Мајли ги зела и стиховите We run things/Things no run we кои се повторуваат во песната на Сајрус со мала измена We run things/ Things don’t run we.

Освен што бара 300 милиони долари отштета, Меј барал и забрана на понатамошни изведби и продажба на песната.

Scroll to Top