Мајли Сајрус првпат ќе пее во Приштина

Светската ѕвезда Мајли Сајрус ќе има концерт во Приштина, како дел од фестивалот „Сани Хил“, кој го организира Дукаѓин Липа, таткото на Дуа Липа. Најголемиот фестивал во Косово ќе се одржи од 3 до 5 август во паркот Гермиа.

Покрај Мајли, на фестивалот ќе настапи и Калвин Харис, а се најавува и концерт на Дипло, иако засега не е потврден. Фестивалот „Сани Хил“ почна да се одржува пред неколку години, а своето најуспешно издание го имаше лани, кога главна ѕвезда беше Дуа Липа.

Билетите за фестивалот се движат од 40 до 200 евра за ВИП-билет.

Scroll to Top