Мајли Сајрус раскина со Кејтлин

Според извори на списанието „People“, Мајли Сајрус и Кејтлин Картер  ја прекинале љубовната врска. Причината за разделбата е непозната, но изворот вели дека двете ќе останат пријатели.
„Кејтлин и Мајли се познаваат долго време и се поддржуваа една со друга во тешки времиња. Тие ќе
продолжат да си помагаат, но нивната врска ќе остане пријателска“, велат изворите.
Двојката ја започнала својата врска во исто време кога и Мајли, и Кејтлин ги завршуваа претходните
бракови, а тоа очигледно ги зближило.
Тие последен пат беа видени заедно на 14 септември во Лос Анџелес. Двете живееја заедно кратко
време по враќањето од одморот во Италија.
Во меѓувреме, разводот меѓу Лијам и Мајли е во тек.  По најновите вести, фановите на парот од филмот „The Last Song“ се надеваат дека двајцата повторно ќе имаат шанса заедно.

Scroll to Top