Макартни ги обедини „Битлси“ и „Ролин Стоунс“ на сцена

Пол Макартни на вчерашниот концерт во Лондон, на сцената ги повика поранешниот колега од „Битлси“, Ринго Стар и гитаристот на „Ролинг стоунс“, Рони Вуд, непланирано формирајќи супергрупа и ги воодушеви фанови.

Славниот тапанар претходно беше забележан во публиката во „О2 арена“, што и ги поттикна гласините дека членовите на легендарната група ќе имаат заеднички настап. Освен Стар, на Макартни му се придружи и Рони Вуд за изведбата на „Get Back“ од „Битлс“.

„Не знам за вас, но ова за мене беше неверојатно“, рече Стар по настапот, напуштајќи ја сцената со Вуд.

Во публиката беа и ѕвезди како Ема Томпсон, Џери Халивел и Хари Стајлс, како и пејачот на „Ху“, Роџер Далтри, кои уживаа во концертот и во анегдотите за Џон Ленон и Џорџ Харисон.

Концертот во Лондон беше последен од турнејата, на којашто Макартни го промовираше последниот албум „Станица Египет“.

Scroll to Top