Макрон го прогласи Елтон Џон за витез на Легијата на честа во Франција

На Светскиот ден на музиката, францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи британскиот пејач Елтон Џон за витез на Легијата на честа, во знак на неговиот голем допринос во музиката и борбата против ХИВ и АИДС.

„Ја сакам Франција. Тука имам куќа“, изјавил Елтон Џон, откако Макрон го одликуваше со наградата.

Елтон одликување прими и во петокот вечерта во Елизејската палата, на Светскиот ден на музиката. Ова не му е прво големо признание доделено од страна на државно официјално лице. Пред 21 години, Џон стана Сер Елтон Џон, кога кралицата Елизабета II го прогласи за витез.

Британскиот пејач во моментов е на светска турнеја, а сега концертите ги одржува низ Франција. Макрон средбата со пејачот ја искористи за да се заложи за борбата против болестите како што се АИДС, туберколоза и маларија.

Спорд француските податоци, од тие болести низ светот починале 2,7 милиони луѓе.

 

 

Scroll to Top