Мамбасита ми недостигаш секој ден: Вдовицата на Коби Брајант емотивна на роденденот на починатата ќерка

Вдовицата на кошаркарот Коби Брајант, Ванеса, со емотивна порака и стара фотографија го одбележа роденденот на својата ќерка Џиана, која почина со нејзиниот татко во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година.

„Драга Џијана, среќен 15-ти роденден. Те сакам и ми недостигаш секој ден! Посакувам да бевте тука со нас. Нема зборови со кои можам да опишам колку ми недостигаш. Те сакам Мамбасита“, напиша Ванеса на фотографијата со нејзината покојна ќерка.

Џиана беше второто дете на починатиот кошаркар и негова миленичка. Освен неа, Коби и Ванеса ги имаа и ќерките Наталија Дијаманте (18), Бијанка Бела (4) и Капри Коби (1).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

Scroll to Top