Мансон ја силувал Еван Рејчел Вуд додека снимале спот: Се чувствував одвратно и посрамотено и никој од екипата не сакаше да ми помогне

Глумицата Еван Рејчел Вуд го обвини пејачот Мансон дека ја силувал во 2007 година кога го снимале спотот за неговата песна Heart-Shaped Glasses When the Heart Guides the Hand.

За силувањето таа зборуваше во документарниот филм Phoenix Rising и рече дека сцената во која требале да симулираат сексуален однос, наводно отишла во погрешен правец. Тие и пред снимањето се расправале околу сцена, но тој си продолжил по свое кога се вуклучиле камерите.

„Јас не се согласив на такво нешто. Беше хаотично и се чувствував несигурно. Никој не внимаваше на мене“, рече Еванс во документарецот и додаде дека пиела апсинт и дека едвај била свесна кога Мансон ја силувал.

Објасни и дека била опкружена со непрофесионалци. Еванс објасни дека во тоа време не знаела да застане зад себе и да рече не и затоа дури сега излегува со овие обвинувања. Таа тврди дека и тогаш ѝ се пожалила на филмската екипа, но никој не сакал да ѝ помогне затоа што не знаеле што да направат. Сега вели дека се чувствувала одвратно и дека направила нешто од што се срами.

„Бев присилена на комерцијален сексуален чин под лажни тврдења. Тогаш против мене беше направен првиот злостор и бев суштински силувана пред камерите. Требаше да им кажам на луѓето дека сето тоа беше романтично и дека си поминавме убаво. Но, ништо од тоа не е вистина. Се плашев да направам нешто за да не го налутам. Спотот беше почеток на насилството кое ескалираше како напредуваше нашата врска“, рече таа.

Вуд и Мансон се запознале во 2006 година кога таа имала 18 години, а тој 38. Само година дена подоцна тие влегоа во врска која траеше до 2010 година. Таа тврди дека тој се подготвувал за оваа врска уште кога таа била тинејџерка и дека низ годините ја злоставувал.

„Ми го испра мозокот и манипулираше со мене. Тоа го направи до таа мера за да му бидам потчинета“, реече таа.

За потсетување, Мансон и претходно беше обвинет за силување, а една од неговите жртви е и британската глумица Есма Бианко, која на крајот и го тужеше.

Документарниот филм  Phoenix Rising, во кој Вуд ги изнесе овие обвинувања ќе се прикаже на годинашниот Филмски Фестивал Sundance.

Scroll to Top