Марадона исфрлен од неговиот стан од 30 години помладата вереница

Вереницата на легендарниот фудбалер Диего Марадона, го исфрлила од неговиот дом. Извор близок до двојката вели дека слушнал жолчна расправа меѓу нив двајцата и дека потоа го видел Марадона на улица, пишува „Мирор“.

Марадона и Росио Оливина претходно објавија дека се верени, но русокосата Аргентинка набрзо потоа изненади со нејзината изјава во емисија, кога рекла дека себе си се гледа како „синл“ девојка.

„Неколку дена се слушаа нивните кавги низ целото соседство, а на крајот Росио го исфлри Марадона на улица. Иронијата е во тоа што тој е сопственик на станот во кој таа живее“, вели извор близок до двојката.

Летото Диего Марадона на Росио ѝ подарил дијамантски прстен. Убавиот момент се случил на денот кога таа го прославила 28 роденден, а претходно четири години биле во врска. Марадона од Росио е постар 30 години.

 

Scroll to Top