Марадона се дрогирал, ќерките го гледале

Помалата ќерка на фудбалската ѕвезда Диего Марадона, Џанина, во едно скрешно интервју откри дека неколкупати го гледала татка си како се дрогира. Џанина, која е актерка, во интервјуто рекла и дека одамна нема контакт со него, ниту пак сака тој да се врати во нејзиниот живот.

„Кога бевме мали, сестра ми Далма влезе во бањата дома и го начека татко ни како зема дрога. И јас сум го видела како се дрогира. Не се криеше многу“, рекла таа во интервјуто.

Легендарниот фудбалер бил зависен од кокаин меѓу 1980 и 2004 година, по што заминал во клиника за одвикнување и тврди дека денес не користи никаква дрога. Тој не разговара со своите две ќерки, ниту со нивната мајка, а одамна не ги видел ни внуците.

 

„Има нешто што никогаш нема да му простам на татко ми, но ќе го задржам за себе. Сакам да го заштитам мојот син и мојата внука. Тој не дојде на свадбата на Далма лани. Не сакаше да дојде без тогашната девојка, а ние, пак, не сакавме таа да присуствува на свадбата. Татко ми може да биде среќен со изборите што ги прави, ама нека ја остави мајка ми на мира за и таа да биде среќна. Тешко ми е да ја гледам мајка ми како страда“, додала . Тој исто така страда, тоа е очигледно“, додала Џанина Марадона во интервјуто.

Scroll to Top