Мараја Кери никогаш не ја раскитува новогодишната елка

Светската ѕвезда Мараја Кери откри дека никогаш не ја раскитуваат новогодишната елка во домот. Таа вели дека го обожава Божик и дека затоа кај неа дома празничната атмосфера никогаш не замира.

„Не можам против себе. Сакам да го чувствувам духот на празниците“, рекла Мараја во емисијата „Лорејн“. Таа додала дека често ја пушта својата најпопуларна песна All I Want for Christmas is You и дека ја слушаат со осумгодишните близнаци.

Признанието на Мараја предизвика мешани реакции. Некои ја нарекоа кралица на Божик, а други ја опишаа како чудна.

Scroll to Top