Познатата кантри-пејачка и текстописец (29) Марен Морис во средата на својот Инстаграм сподели фотографии од „детска соба од соништата“. Синот на Морис сè уште не е роден, а собата што го чека е како од бајките. Во просторијата преовладува рустикална нота, дело на Ејприл Томлин, дизајнерка на ентериери со седиште во Нешвил.
Марен во објавата на Инстаграм ѝ се заблагодари на Ејприл со зборовите: детска соба од соништата, ти благодарам Ејприл.
Таа е во осмиот месец од бременоста со своето прво дете. Марен и сопругот Рајан Хард, кантри-пејач, се во брак 19 месеци.
Објавата доаѓа два месеца по фотографијата од одмор во Кихеи, Хаваи, во декемри, а на неа Марен изгледа симпатично со заоблено стомаче во бикини.