Марго Роби е најубава жена во светот

Читателите на порталот „Ранкд“ ја избраа глумицата Марго Роби за најубава жена во светот за 2019 година. На второто место е Израелката Гал Гадот, а трета е Скарлет Јохансон, која лани беше прва..

Австралиската глумица годинава беше актуелна со филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, каде што глумеше заедно со Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Таа се прослави со улогата на Харли Квин во филмот Suicide Squad. Публиката ја сака заради природниот изглед, и талентот за глума. Популарната глумица во 2016 година тајно се омажи за Пол Акерли.

 

Scroll to Top