Марго Роби и Рајан Гослинг се новите Барби и Кен

Холивудските ѕвезди Марко Роби и Рајан Гослинг ќе ги глумат Барби и Кен во новиот филм за омилените детски кукли.

За Марго од поодамна се знае дека ќе биде Барби, а продуцентите сега го потврдија Гослонг како Кен. Тој првично ја одбил улогата поради пренатрупаниот распоред, но откако бил откажан еден од проектите на коишто требал да работи, ја прифатил улогата.

Според американските медиуми филмот ќе се снима на почетокот на 2022 година, а деталите за приказната за сега се чуваат во тајност. Режисер е Грета Гервинг, заедно со Ноа Баумбах, кој го напишал сценариото.

Scroll to Top