Марго Роби по снимањето со Леонардо ди Каприо во „Волкот од Вол Стрит“ сакала да се откаже од глумата

Австралијанката Маргот Роби за Vanity Fair рече дека се чувствувала грозно по снимањето на филмот „Волкот од Вол Стрит“ и откри дека размислувала да се откаже од глумата. Ја имаше улогата на Наоми Лапаглија, сопругата на Џордан Белфорт, кој го глумеше Леонардо Ди Каприо

„Волкот од Вол Стрит“ премиерно се прикажа во 2013 година, а улогата на атрактивната глумица привлече најмногу внимание, нешто што за неа вели дека претставувало голем притисок.

„Се сеќавам дека ѝ реков на мајка ми дека не сакам ова да го работам, а таа ме погледна и беше рамнодушна. Ми рече дека веќе било предоцна за да се премислам. Во тој момент сватив дека морам да одат само напред“, рече Роби.

Австраликата призна дека не била емоционално подготвена да ја загуби приватноста, а дека најтешко и било да се прилагоди на папараците.

„Сега знам кој и како се обидува да ме зафркне“, додаде таа.

Пред да стане глумиц, сметала дека медиумите ја објавувале само вистината, но светските таблоиди почнале да лажат и да пишуваат и пренесуваат за нејзината бременост. Во тие моменти луѓето почнале да ја бараат приватно и да ѝ честитаат. Брзо сватила дека нема да може да одговори на секоја лага за неа, но нашла начин како да се носи со притисокот од славата. Ги избришала сите приватни профили на социјалните мрежи. Но, вели дека сè уште се чувствува непријатно.

„Се обидувам на луѓето да им објаснам за оваа работа и светот во кој живееме, дека треба да бидеме подготвени за високи цели и многу ниски падови. Претпоставувам дека ако имате среќа, на крајот работите ќе се избалансираат некаде на средина“, рече Роби.

За потсетување, во 2021 година, се искачи на првото место на листата на најплатени глумици во Холивуд.