Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова е во љубовна врска со Британецот Александер Гилкс. Милионерот е близок со британското кралско семејство и беше гостин на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари во мај.
Тенисерката и бизнисменот првпат се видени заедно на почетокот од оваа година, но Шарапова тогаш не сакаше да ги коментира шпекулациите. Тие во последно време редовно објавуваат фотографии на социјалните мрежи.
Александер живее и работи во Њујорк. Тој е сопственик на уметничка галерија во Менхетн, каде што ја запознал Шарапова.