Марк Џејкобс: „Модата по короната веќе нема да биде иста“

Светскиот моден дизајнер, Марк Џејкобс, вели дека модата нема да биде како порано откако ќе заврши пандемијата на коронавирусот. 57-годишниот креатор, кој има луксузен моден бренд со истото име, смета дека модата ќе се промени од корен како резултат на сето ова што се случува сега.

„Јас работам со тим и нашата секојдневна интеракција и нашите животи се поттик и инспирација за она што го создаваме секоја сезона. Тоа е стимулација од целиот свет што ни дава поттик, енергија и страст. Признавањето на минатото веројатно не е најдобриот начин да се оди напред. Она што го правам, облеката што ја создавам и начинот на кој ние го покажуваме, веројатно нема никогаш да биде онаков каков што ги познаваме. Модата по короната веќе нема да е иста“, рече Џејкобс во интервју.

Модниот дизајнер инсистира на тоа дека „креативноста никогаш нема да исчезне“.

„Што би правеле сите за време на овој карантин ако немаа книги за читање и филмови за гледање? Не знам што би направил кога не би имал ништо да облечам секој ден. Едноставно тоа е важно за мене, исто толку важно како и сè друго. Да се биде уметник е апсолутно неопходно. Креативноста ќе биде засекогаш жива“, додал тој.

Scroll to Top