Актерката од серијата „Очајни домаќинки“, Марша Крос вели дека сака да ја разбие табу темата со тешката болест која ја имала, за која многумина им е срам да признаат дека ја имаат. Крос јавно проговорила за ракот на анусот и вели дека се надева дека ќе ја разбие стигмата која ја следи оваа болст.
Во едно свое интервју со познат доктор, Марша ги открила сите детали од својата дијагноза.
„Знам дека постојат луѓе на кои им е срам да зборуваат на оваа тема. Но, нема никаква причина за тоа. Па имаш рак! Не си направил ништо лошо само затоа што си го добил во својот анус. Имаш поголеми проблеми од срамот“, изјавил Марша која по дијагнозата вели дека ја очекувале мачни денови.
Марша вели дека доживеала пеколни две недели хемотерапија и шест недели зрачење. Марша вели дека и требало време да ја прифати својата нова реалност и јавно да почне да зборува за својата состојба. Актерката открила дека и нејзиниот сопруг боледувал од рак. Му бил дијагностициран рак на грлото во 2009 година.
Денес Марша има за цел да ги поттикне луѓето да се едуцираат за оваа болест. Докторот вели дека болеста на Марша е поврзана со ракот на нејзиниот сопруг, но дека сега година дена подоцна од нејзината почетна дијагноза, Марша вели дека се чувствува одлично.
Марша открива дека и било важно да прифати дека има рак и дека и било незгодно на почетокот да го прашува докторот за работи кои ја интересирале.
„Сега се чувствувам нормално, иако се работи за малку поинаков вид на нормалност на која сум навикната пред да добијам рак. Никогаш повеќе нема своето тело да го земам здраво за готово“, изјавила Марша.