Мауи гори, а ти позираш полугола, фановите ја критикуваат Никол Шерцингер откако објави фотографии од одмор

Пејачката Никол Шерцингер неодамна беше на удар на фановите откако објави бикини фотографии од одмор во Грција. Инаку, Никол е родена во Хонолулу, но пораснала во Луисвил. Со оглед на тоа дека по потекло е од Хаваи, следбениците ја нападнаа поради објавувањето на вакви фотографии среде шумските пожари во Мауи.

„Разбираме дека сакаш да позираш во бикини, но тајмингот е малку погрешен“, „Мауи гори, а ти позираш полугола“, и коментирале под фотографијата, која Никол на крајот ја избришала.

Пред таа објава, Никол напишала „Молете се за Мауи“ и оставила линк каде можете да донирате средства.

По бројните критики и избришаната фотографија, Никол објави видео на Инстаграм и апелираше до своите следбеници да донираат пари за погодените од пожарите.

„На Мауи му треба нашата помош. Ве молиме направете се што можете за да помогнете“, вели таа меѓу другото во видеото.

Но и под тоа видео имаше негативни коментари. Многумина пишуваа дека парите не треба да се исплатат на Црвениот крст, туку директно на семејствата на кои им е потребна помош, а некои забележаа и дека таа го објавила ова видео откако била критикувана за фотографии во костим за капење.

Да потсетиме, по смртоносните шумски пожари на островот Мауи, бројот на жртвите надмина 100, додека околу 1.300 лица се водат како исчезнати.

Scroll to Top