Маж и жена влегле на имотот на кралицата Елизабета и шетале со часови

Непознат маж и жена влегле на имотот на кралицата Елизабета во Виндзор и незабележани шетале неколку часа. Иако упадот се случил минатата недела, веста дури сега е потврдена за британските медиуми.

Лицата кои се осомничени имаат 31 и 29 години. Тие, наводно, ги прескокнале оградите во кралската ложа, во близина на местото каде што кралицата ги шета своите кучиња и јава коњи, пишува „Сан“. Во тоа време кралицата не била на имотот.

Провалниците биле уапсени во близина на домот на принцот Ендру, синот на кралицата, кој во тоа време бил дома.

„Двојката шетала околу имотот со часови, без никој да ги забележи, тоа е срамота“, велат извори блиски до кралицата.

Само неколку дена претходно, обезбедувањето по грешка пуштило непозната жена да влезе во имотот на кралицата.

Scroll to Top