„Ме откачи тогаш во хотелот зашто бев непристоен“, Мајкл Даглас и Катрин Зета Џонс прославуваат 19 години брак

Познатата двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се родени на исти ден, 25 септември, но холивудскиот актер од сопругата е постар дури 25 години. Тие денес слават 19 години како се во брак, во кој имаат две деца, синот Дилан Мајкл и ќерката Сајрус Зета.
Нивата љубовна приказна почна во 1996 година, на приватна проекција кога Мајкл Даглас се загледал во прекрасната жена, која ја имала главната улога во „Маската на Зоро“.
„Секогаш раскажува како се заљубил во мене кога првпат ме здогледал на големото платно“, открила
во едно интервју Кетрин Зета- Џонс за својот сопруг, со кој се запознала есента 1996 година на
филмскиот фестивал во Довил, на кој таа го промовирала својот филм, а Мајкл,  пак, „Совршено убиство“. „Ми рекоа дека Мајкл Даглас сака да ме запознае. Бев многу нервозна бидејќи не знаев зошто сака да
ме запознае“, се присетила актерката. Кога стигнала во хотелот го здогледала Даглас, но тој само поминал покрај неа носејќи палки за голф.

„Му реков на брат ми, кој беше со мене, дека ми се чини како  да не сака баш да ме запознае бидејќи
само помина покрај мене, не ме ни забележа“, додала Кетрин.
Сепак, Даглас ја забележал, но ги замолил своите пријатели, Мелани Грифит и Антонио
Бандерас, службено да ги запознаат. На официјалната вечер,  ја замолил да
седне покрај неа. Но бидејќи тоа била вечера организирана по поводот премиерата на „Зоро“, Кетрин
имала многу обврски, па Даглас ја замолил подоцна да му се придружи на пијалак во хотелскиот бар.
„По половина час разговор искрено ѝ реков: ‘Знаеш дека ќе бидам татко на твоите деца.’ Ми звучеше
сосем нормално, а таа ми одговори: ‘Знаеш, слушнав многу работи за тебе и видов многу, затоа мислам
дека време е да ти кажам добра ноќ“, открил Даглас во едно интервју.

Наредниот ден Кетрин заминала од Довил, но Даглас не се откажал од својот план. Ѝ пратил цвеќе и
извинување. „Бев непристоен, со право ме откачи“, додал Даглас. По извинувањето, тие продолжиле да се дружат и тоа многу внимателно, а првпат се бакнале дури девет месеци подоцна.
Својата врска пред јавноста ја откриле дури во 1999 година, на премиерата на нејзниот филм „The Trap“
во Единбург. Тогаш Кетрин на присутните новинари им изјавила: „Мајкл е тука вечерва од една
причина. Сакаме јавно да кажеме дека сме заедно“.

Scroll to Top