Ме плаши дека нема да можам да одам, вели Мајк Џ. Фокс за болеста

Славниот холивудски актер Мајк Џ. Фокс веќе 30 години се бори со Паркинсоновата болест, која му беше дијагностицирана на 29-годишна возраст. За време на борбата со оваа здравствена состојба бил принуден дури и да направи операција на мозокот со цел да ги намали ефектите кои болеста ги предизвикува врз телото.

„Засега сè е добро, но ако се влоши, наскоро можеби нема да можам да одам ниту да ги користам рацете – рекол актерот.

Мајкл почнал да ја губи рамнотежата, сè почесто паѓал, што и покрај неговиот ведар дух, нему му било во исто време и смешно, но и многу тешко, па поради серизоните проблеми, се подложил на операции, меѓу кои и на операција на ‘рбетот.

Мајкл Џеј Фокс е канадски актер, најпознат по своите улоги во трилогијата „Враќање во иднината“, „Семејни врски“ и „Лудиот град“.

Scroll to Top