Меган е најинтелигентна во кралското семејство

Компанијата Oxford Royale, која се занимава со образование, ги анализираше академските квалификации на сите членови во кралското семејство па ја одбра Меган за најинтелигентна меѓу нив. Таа ги спореди резултатите кои ги имале во средно училиште и на факултетите во кои завршиле.

Меган се најде на првото место затоа што дипломирала на елитниот Универзитет Northwestern во Евастон во Илиноис. Војвотката добила двојна диплома за театар и меѓународни односи во овој престижен колеџ.

„Животот во кралското семејство не е лесен, а академските искуства кои Меган ги има совршено ја опремија за оваа улога“, рече портпаролот на Oxford Royale за „Њујорк пост“.

„Иако војводата и војвотката од Сасекс се повлекоа од кралското семејство, тие сепак беа интересни за јавноста, а желбата на Меган да ја искористи својата платформа за подигање на свеста за сериозните светски проблеми, ја направи најинтелигентна“, додаде тој.

Студијата покажа дека Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, е втората најинтелигетна личност во кралското семејство, додека принцот Вилијам е трет.

Scroll to Top