Меган Фокс ги зголеми градите и стави филери на усните

By

Американски хирург тврди дека холивудската глумица Меган Фокс направила неколку пластични операции. Тој е сигурен дека актерката ги има зголемено градите, ставила филери во усните и го намалила носот.

„На фотографиите во неколку светски магазини, се забележува дека Меган го затегнала челото, ги има подигнала јаболкчниците и со ботокс ја отстранила секоја брчка од нејзиното лице“, вели хирургот.

Со ова се согласуваат голем број обожаватели на глумицата, кои исто така коментираат дека Меган целосно е променета од почетоците во кариерата и дека претерала со интервенциите.

„Едвај ги држиш очите отворени“, „Те сакам, но поради ботоксот почнуваш да изгледаш како Азијантка“, „Се сеќавам кога беше најсекси девојка на светот“, „Навистина си претерала со ботоксот“, се само некои од коментарите на разочараните фанови.

Неодамна и самата Фокс призна дека била несигурна во тоа како изгледа и покрај тоа што откако се појави во Холивуд, таа прогласена неколку пати за најубава глумица на светот. Меган се прослави во улогата на филмот „Трансформери“ во 2007 година. Заработи милиони од овој филм, но од тогаш како да исчезна, пишуваат медиумите. Меган продолжила со помали улоги кои и одговарале и со кои била среќна.

Доста заработи и од спотот за песната Love The Way You Lie на Еминем. Од парите таа подарила безбедносна куќа за жените жртви од семејно насилство. Во 2010 година се омажи за ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“, Остин Грин.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV chia anime tv me: Hunter x Hunter (Dub) (https://animetv.cc/m/zgAR) Episode 148

AniWatch watch anime free: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 134 (https://aniwatch.pro/m/M6M/ep-134)