Меган Фокс откри како го спасила бракот

Холивудската актерка Меган Фокс од 2010 година е во брак со актерот Брајан Остин Грин. Двојката има три сина и според американските медиуми, тие се совршено холивудско семејство. Ама пред неколку години Меган поднесе барање за развод, што го повлече неколку месеци подоцна. Таа во едно скорешно интервју откри како го спасила бракот.

„Кога си со некого долго време, страста почнува да исчезнува, а секојдневните обврски стануваат рутина поради која заборавате еден на друг. Иако бевме разделени со Брајан, му се јавив да излеземе. По неколку состаноци сфативме дека љубовта не престанала, ама ја разгоревме и страста. Си посветивме време еден на друг и се сетивме што нè спои на почетокот“, рекла Меган.

Таа на сите двојки им порачала да излезат од секојдневната рутина, да одат на љубовни состаноци, како кога биле во врска и да ја одржуваат страста меѓу себе.

Меган и Брајан се запознале 2004 година на снимањето на филмот „Трансформерси“. Таа имала 18 години, а тој 30. И покрај големата разлика, тие се и денес во брак, а медиумите пишуваат дека размислуваат и за четврто дете, оти Меган сака да има ќерка.

 

Scroll to Top