Меган Фокс веќе не ја крие врската со раперот Кели

Американската актерка и манекенка Меган Фокс конечно ја потврди својата врска со раперот и актер Ричард Колсон Бејкер, попознат како Машин Ган Кели.

34-годишната ѕвезда беше фотографирана додека излегувала од бар во Лос Анџелес со раперот, при што заљубената двојка се држела за раце, по што размениле бакнеж. Сето ова се случило откако актерот Брајан Остин Грин, со кого Меган сè уште е официјално омажена, беше фотографиран со старлетата Кортни Соден два дена претходно.

Брајан и Меган се разделија за време на пандемијата на коронавирус по десет години брак, а заедно имаат тројца синови, Ноа (7), Боди (6) и Џурнеј (3).

https://www.instagram.com/p/CBgnUc0n6Wt/

„Имав лош сон дека мојата сопруга, која отсуствуваше цели три недели поради снимање на нов проект, се врати дома и рече дека сака развод. Ѝ кажав на Меган за ова, но таа тврдеше дека сето тоа е само лош сон и дека сè е во ред. Сепак, кога се врати од снимањето, таа не беше баш своја. Таа беше ладна и беше јасно дека нешто се случува. Ѝ дадов некое време, мислејќи дека сето тоа е поради патот и промената на животната средина“, рече Брајан Остин Грин неодамна кога се појави на ТВ- емисија „Со Брајан Остин Грин“, а потоа откри дека неговата сопруга потоа објавила дека сака развод.

Scroll to Top